Откако беше одиграно дербито на Италија, меѓу Интер и Јувентус кое заврши нерешено 1:1 во саботата вечерта, стана јасно дека екипата на Јувентус е една од екипите кои играат во различен состав на сите 34 натпревари одиграни во Серија А оваа сезона.
Јувентус имаше многу сличен тим со оној кој се соочи со Фиорентина пред една недела. Десет од единаесет играчи го започнаа натпреварот со Интер, единствената разлика е појавата на Џорџо Киелини кој беше во стартниот тим на местото на Даниеле Ругани. Ако Масимилиано Алегри не направеше таква промена, тоа ќе беше големо изненадување, бидејќи Јувентус одигра 34 натпревари во Серија А оваа сезона со 34 различни формации. Интересна е информацијата дека ова беше 181 различна формација за Масимилијано Алегри во 186 натпревари како тренер ба Јуве.
Објаснувањето за ова е многу едноставно. Тренерот на Јувентус има најширок ростер на играчи во Италија, а некои промени се диктирани од повредите и казните на главните фудбалери.
Во Серија „А” има тренери кои ја избираат својата почетна постава и не ја менуваат со недели. Па, Макс Алегри дефинитивно не е од нив.