Раководството на Јувентус ја разгледува опцијата да го купи напаѓачот на Вулверхемптон, Адама Траоре во следниот летен трансфер период, пренесува „Спорт Медиасет“.
Според британските медиуми, Премиерлигашот го проценува 24-годишниот фудбалер на 80 милиони евра. Ливерпул исто така е заинтересиран за услугите на овој фудбалер, што според гласините е нивна главна трансферна цел ова лето. Траоре потекнува од школата на Барселона. Фудбалерот настапуваше за оваа екипа како младинец до 2015 година, по што се пресели во Астон Вила. Една сезона подоцна, Адама Траоре стана играч на Мидлсборо.
Шпанецот игра за Вулверхемптон од 2018 година. Во досегашната сезона, Траоре постигна 6 голови и даде 12 асистенции на 48 натпревари во сите натпреваувања на клупско ниво.