Фудбалерот на Реал Мадрид Марко Асенсио е предмет на интерес од страна на италијанскиот гигант Јувентус, каде во текот на минатото лето премина Кристијано Роналдо, соопштува „Тутоспорт”.
Марко Асенсио го загуби својот статус како првотимец и е подготвен да го напушти Реал, иако неговиот договор со Реал истекува во 2023 година.
Во следното летото Реал Мадрид се подготвува за големи промени во тимот, што исто така ќе го олесни ваквиот договор. Проблем може да биде релативно високата цена на Асенсио кој во оваа сезона има 20 натпревари за Реал, во кои постигна 1 гол и имаше пет асистенции.
Во календарската година, сепак, има само еден натпревар како стартен играч и тоа во поразот од Џирона 1:2 во 24-то коло.