Јувентус победи со 3:0 против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите и обезбеди место во 1/4 финалето на Лигата на шампионите, тоа секако носи дополнителен приход на клубот, но интересно е тоа што оваа средба беше рекордна и според приходот од продажбата на влезници за еден натпревар.
Самиот клуб се пофали дека имале приход од 5,5 милиони евра, а претходниот најголем приход беше исто така оваа сезона во истото натпреварување кога загубија со 1:2 од Манчестер Јунајтед во групната фаза. Тогаш собраните пари од влезници изнесуваа 5 милиони евра. Синоќа, стадионот беше преполн, па дури и од трибината „Курва суд“, го прекинаа протестот против високите цени на билетите за да ја следат оваа средба.
Посетата на 1690 навивачи од Мадрид, исто така, го исполнија гостинскиот сектор. Меѓу публиката имаше голем број познати личности како Патрис Евра, Чиро Ферара и градоначалникот на Торино, Киара Апендино, како и околу 300 акредитирани новинари од целиот свет.