Јувентус го контактирал играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен, за да му понуди на Данецот бесплатен трансфер во нивните редови.
Договорот на играчот од средниот ред со Спарси истекува за една година, а засега нема индикации дека тој повторно ќе потпише. Претходно во текот на летото, Ериксен изјави дека е време за нов предизвик во кариерата, а според англиските медиуми, неговата голема желба била да се пресели во Реал Мадрид. Привлекувањето слободни агенти е специјалитет на Јувентус.
Неодамна, „Бјанконерите“ на овој начин ги донесоа Емре Чан, Арон Рамзи и Адриен Рабио. Доколку Ериксен остане во Тотенхем летово и не потпише нов договор, тој ќе има право да преговара со другите клубови во јануари 2020 година.