Фудбалерот на Челзи, Вилијан може да ја продолжи кариерата во шампионатот на Италија, пренесува „Тутоспорт“.
Според истиот извор, Јувентус ја следи состојбата околу Вилијан, чиј договор со лондонскиот клуб истекува во текот на летото. Аргументот во корист на трансферот на Бразилецот во клубот од Торино е дека Вилијан ја знае работатаг на тренерот на Јувентус Маурицио Сари кога соработуваа во Челзи.
Оваа сезона Вилијан постигна 7 голови и 6 асистенции на 37 натпревари во сите натпреварувања за својот клуб. Претходно беше објавено дека Баерн Минхен, Тотенхем и Арсенал се заинтересирани за услугите на Вилијан.