Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Јувентус заинтересиран за Анхел Ди Марија
    Фудбал

    Јувентус заинтересиран за Анхел Ди Марија

    risteBy riste22/04/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Јувентус започна преговори со крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен Анхел ди Марија. Договорот на 34-годишниот Аргентинец истекува на лето и „бјанконерите“ се подготвени да го земат во своите редови како слободен играч, пренесува „Скај Италија“.

    Во Јувентус бараат соодветни играчи за да го освежат нападот за новата сезона. Клубот во лицето на Ди Марија гледа добра опција за замена на Пауло Дибала кој е пред заминување. Згора на тоа, привлекувањето на него нема да ги чини ништо. Јуве веќе оствари првични контакти со претставниците на Ди Марија. Тие отидоа во многу позитивен тон и се чини дека играчот е заинтригиран од можноста да го носи дресот на „Старата дама“.

    Тој е подготвен да потпише договор на една или максимум две години, бидејќи сака да ја заврши кариерата во родната Аргентина. Иако има 34 години, Ди Марија останува исклучително добар фудбалер. Сезонава на своето конто за ПСЖ има 26 натпревари на кои постигна 3 гола и 7 асистенции.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното

    01/04/2023

    Барса излезе со соопштение

    01/04/2023

    Шпанецот го советува Сака

    01/04/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.