Јувентус е уште еден клуб кој е заинтересиран за играчот на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд, тврди „Сан“.
Откако беше надвор од терените за „црвените ѓаволи“ повеќе од 16 месеци, иднината на Гринвуд на „Олд Трафорд“ изгледа сè понеизвесна, но според весникот, Јувентус би можел да му понуди шанса да ја рестартира кариерата во странство бидејќи сака да потпише со него позајмива која подоцна ќе биде со целосен договор.
Како што е познато, играчот беше уапсен под сомнение за силување и напад во јануари 2022 година и веднаш беше суспендиран од првиот тим на „црвените ѓаволи“. Наводните обвиненија беа отфрлени во февруари, но Гринвуд допрва треба да се врати на тренинзите со тимот додека клубот спроведува сопствена внатрешна истрага.
Договорот на Гринвуд со Манчестер Јунајтед е до 2025 година и клубот стравува дека тешко ќе дојде до понуди со големи суми за фудбалерот. Се верува дека тие би биле подготвени да го испратат на позајмица во клуб во кој ќе се приклучи се согласи да му исплати плата од 75.000 фунти неделно.
Јувентус верува дека потписот на Гринвуд може да биде помогнат и од неговиот поранешен соиграч Пол Погба. Гринвуд и Погба ја делеле соблекувалната неколку години во Манчестер и младиот играч од Англија би можел да биде задоволен од изгледите за повторно играње со францускиот играч од средниот ред во Јувентус.
Мејсон Гринвуд беше поврзуван со трансфер во голем број клубови ова лето, вклучувајќи ги Милан, Рома и турските клубови.