Напаѓачот на лондонски Арсенал Пјер Емерик Обамејанг го привлече интересот на уште еден водечки клуб од Италија, пренесуваат медиумите во оваа земја.
Според информациите, Јувентус ќе се приклучи во битката за привлекување на фудбалерот, чиј договор со Арсенал истекува на 30 јуни 2021 година. Обамејанг му се приклучи на лондонскиот клуб во зимата 2018 година од Борусија (Дортмунд), но одби да го продолжи договорот затоа што е разочаран од тоа што „топџиите“ не се борат за трофеи.
Барселона е заинтересирана за 30-годишниот интернационалецод Габон,но за неговиот потпис конкуренти се уште Реал Мадрид, Интер и ПСЖ.
