Италијанскиот гигант Јувентус покажува интерес за дефанзивецот на англискиот Тотенхем, Киран Трипиер , објавија италијанските медиуми.
Новиот тренер на „Старата дама“, Маурицио Сари, гледа во 28-годишниот фудбалски репрезентативец на Англија замена за Жоао Кансело, кој е близу до преселба во Манчестер Сити.
Според истиот извор, менаџментот на Јувентус му понудил на Трипиер договор за период од пет години со плата од 2,6 милиони евра по сезона, плус бонуси. Сепак, претседателот на лондонскиот клуб, Даниел Леви не сака да се раздели од еден од клучните играчи во тимот за помалку од 25 милиони евра.
Во сезоната 2018/19 Трипиер одигра 38 натпревари за Тотенхем во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и пет асистенции .