Јувентус има интерес за играчот од средниот ред на Челзи, Жоржино. Бразилецот со италијански пасош, кој остана трет на ранг-листата во изборот за „Златната топка“, е главната трансфер цел на „бјанконерите“, на кои им е сериознп потребен играч со неговите квалитети за да ја води играта на тимот на средината на теренот. Ј
увентус дури веќе стапил во контакт со агентот на играчот за да најде терен за евентуален негов трансфер, тврди „Калчомеркато“. 29-годишниот Жоржињо е важен играч за Челзи и лондончани тешко дека ќе се разделат со него. Сепак, договорот на италијанскиот репрезентативец е до летото 2023 година, а засега не се водат разговори за негово обновување. Јувентус планира да го искористи овој факт и затоа почна да контактира со агентот на играчот.
Во оваа фаза, сепак, тешко дека Јувентусо ќе успее да го земе во јануари, туку тоа е дел од плановите на тимот за летната селекција на играчи. Жоржињо има искуство во Серија А, каде што помина голем дел од кариерата со Верона и Наполи пред да се пресели во Челзи во 2018 година.

