Медиумите во Англија, Германија и Шпанија, најавија дека Кристијано Роналдо размислува да го напушти фудбалскиот тим на Манчестер Јунајтед иако треба да ја одработи последната сезона од договорот.
Весникот – „АС“, тврди, дека Португалецот е разочарн што нема да настапи во Лигата на шампионите и затоа планира да замине во друг состав.
Во текстот за наведува дека Роналдо може да замине во Германија во Баерн Минхен доколку Роберт Левандовски добие дозвола да ги напушти Баварците.

