Французинот, Зинедин Зидан, откако го напушти кормилото на Реал Мадрид, максимално го искористи летниот период да се одалечи од фудбалот и да размисли за неговите планови во наредниот период. Тој во вчерашното гостување на националната шпанска телевизија, посочи дека набрзо ќе се врати во фудбалот бидејќи тоа е неговиот живот
.„За краток период повторно ќе имам ангажман и ќе работам во фудбалот“ – вели францускиот тренер кој успеа со Реал Мадрид во три сезони едно подруго да го освои врвот на Европа.
Вчера, британскиот таблоид – „Мирор“, објави, дека Зидан е главниот кандидат за да го наследи Жозе Мурињо на клупата на Манчестер Јунајтед, вест, што самиот Зидан не ја потврди ниту ја демантираше.