Сè уште не е јасно дали реваншот од 1/8 финалната фаза на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе се игра на стадионот „Етихад“ или во Лисабон.
Престолнината на Португалија ќе биде домаќин на сите натпревари од четвртфиналето, а пред неколку дена имаше информации дека ова важи и за преостанатите натпревари од 1/8 финалето. Сепак, второто не е точно, барем во оваа фаза. Според „Sky Sports“, од УЕФА испратиле документ од 10 страници до сите 55 федерации кои се членки на организацијата. Ги објавиле најновите планови за одигрувањето на натпреварите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Во документот се вели дека реваншот од 1/8-финалето од Лигата на шампионите и Лигата на Европа може да се игра на стадионите на клубовите домаќини, или во Лисабон (за Лигата на шампионите) и Келн (за Лигата на шампиони). Ова значи дека, во принцип, Манчестер Сити, кој победи со 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“, може да биде домаќин на Реал Мадрид на „Етихад“.
Проблемот е што во моментов луѓето што доаѓаат во Велика Британија од странство мораат да се во изолација за период од 14 дена. Сепак, оваа мерка се разгледува и може да биде укината. Конечната одлука за тоа каде ќе се одиграат последните натпревари од 1/8 финалето, мора да се донесе пред 10 јули, кога е планирана ждрепката за 1/4 финалето и 1/2 финалето.