Денеска со почеток од 16 часот ќе се одигра последниот меч на Светското првенство во Катар.
За најзначајниот фудбалски пехар се борат селекциите на Аргентина и Франција. Меси се надева дека ќе го освои единствениот трофејот кој му недостасува. Аргентина цели 36 години ја чека титулата Светски шампион. Франција ќе се обиде да ја одбрани.
Меси и Мбапе имаат по пет голови на шампионатот и еден од нив веројатно ќе биде прогласен за играч на Мундијалот.