Македонската кошаркарска селекција до 18 години ја совлада Словачка со 83:58 и ја продолжи триумфалната серија на Европското првенство Б дивизија што се одржува во Романија.
Избраниците на селекторот, Тони Симиќ, кои се сигурно први во групата, доколку победат и во последната рунда со Данска, тогаш со максимален ефект ќе влезат четврт-финалето. На денешниот меч со Словачка најефикасни беа Дарио Митевски и Андреј Јакимовски со по десет кошеви.
Утрешниот меч со Данска во рамките на последното коло ќе започне во 19 часот и 45 минути.