Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години го освои ЕХФ шампионатот откако во финалето ја совладавме селекцијата на Швајцарија со 24-22.
Димковски со седум гола беше најефикасен во нашата репрезентација, Петковски постигна шест, Калајџиески четири, најдобар на мечот беше голманот Брестовац.
Македонија ја помина групната фаза перфектно со три победи а триумфираше сигурно и во полу-финалето. Со златниот медал и првото место обезбедивме пласман на младинското ЕП 2024 година и пласман на кадетското СП 2023 година.