Македонската ракометна репрезентација до 19 години го забележа првиот триумф на СП во Скопје. Кадетите во крајно интересен финиш славеа против селекцијата на Нигерија со 37-34.
Костески со 13 и Серафимов со 10 голови беа најдобри во нашиот табор. Во другите два меча во групата „ Ц“ , Јапонија – Бахреин 27-24 и Аргентина – Данска 19-29. Нашите ракометари утре во рамките на третото коло ќе одат на мегдан со Бахреин кој има една победа и еден пораз.
На табелата води Данска со 4 бодови пред Бахреин, Македонија, Јапонија и Аргентина кои имаат по 2 бода додека Нигерија е последна без бод.