Селекторот на фудбалерите на Тунис, Жаел Кадри, се надева дека позитивен резултат против Данците ќе им даде дополнителен мотив на неговите избраници за натпреварите против Франција и Австралија.
„Нашата група нема да биде лесна, ждрепката не беше поволна, изјави тој за новинарите денеска.
„Данска е меѓу најдобрите селекции во Европа. Знаеме дека имаат висок квалитет во секоја линија. Ние ги имаме нашите силни страни а ги знаеме и нашите слабости“ – потенцираше Кадри.