Легендарниот руски тенисер, Евгениј Кафелников, изјави дека Андреј Рубљев нема да биде во Топ 10.
„Тој се соочува со технички, физички и тактички проблеми. Можеш да излезеш од менталната дупка ако имаш основа но, Андреј ја нема бидејќи некаде исчезна“ – рече поранешниот светски рекет број еден.
Рубљев, сега се спушти под 15-то место на листата на најдобрите светски тенисери и тоа за прв пат гледано од јануари во 2020 година.

