Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Каи Хаверц со најголема плата во Арсенал, капитенот на тимот заостанува далеку зад него
    Фудбал

    Каи Хаверц со најголема плата во Арсенал, капитенот на тимот заостанува далеку зад него

    risteBy riste07/09/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Германскиот фудбалер Каи Хаверц зема најголема плата во Арсенал, пишува во своето истражување на новинарот Тоби Принс.

    Офанзивниот играч за врска или напаѓач кој пристигна од Челзи заработува 14,56 милиони фунти годишно. По напорниот преоден рок ова лето, Арсенал требаше да состави многу посилен тим од минатата година и да биде конкурентен на повеќе фронтови подолго време. Деклан Рајс, Каи Хаверц и Јуриен Тимбер му се придружија на тимот со високи плати, додека Дејвид Раја пристигна на позајмица. И без изненадување, две од новите засилувања – Хаверц и Рајс, веднаш се најдоа на врвот на рангирањето со најскапи договори. И покрај тоа што платите на играчите се доверливи информации, оваа веб-страница обезбедува во голема мера веродостојни проценки, иако не тврди дека 100% се  точни информациите.

    Според медиумите, најскап фудбалер во Арсенал во моментов е Хаверц со 280 000 фунти неделно или 14,56 милиони фунти по сезона. Втор е Габриел Жесус со 265 000 фунти неделно или 13,78 милиони годишно. Рајс го држи третото место со 240 000 неделно, а Томас Парти (200.000) и Букајо Сака (195.000) ги заокружуваат првите 5. И додека две од новите засилувања се во топ 3, капитенот на тимот Мартин Одегард е надвор од топ 10 според финансиските приходи. Тој е дури 12-ти во тимот со 115 000 фунти неделно или 5,98 милиони фунти годишно.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Сергеј Ребров го објави списокот на играчи за мечот со Македонија

    26/09/2023

    Прекинатото дерби Ајакс- Феенорд ќе се доигра утре

    26/09/2023

    Рајс е полесно повреден, викендов се враќа на терен

    26/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Давидовски по трофејот на Монца: Кога си во иста секунда со противникот …
    • Сергеј Ребров го објави списокот на играчи за мечот со Македонија
    • Прекинатото дерби Ајакс- Феенорд ќе се доигра утре
    • Рајс е полесно повреден, викендов се враќа на терен
    • Само што го купија Онана, Манчестер Ј. сега гледаат нов голман
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.