Каи Хавертц ќе биде играч на Челзи за неколку дена. Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо, управата на Баер (Леверкузен) ја прифати последната понуда на англискиот клуб, која беше испратена пред три дена.
Таа изнесува 80 милиони евра плус 20 милиони во форма на бонуси. Вчера „фармацевтите“ ги известиле своите колеги, како и самиот играч, дека понудата ќе биде прифатена. Самиот Хавертц веќе ги договори личните услови со Челзи, а неговиот договор ќе биде на 5 години.
Според Романо, двата клуба веќе ја подготвуваат документацијата и договорот треба да биде финализиран наскоро.
Минатата недела беше објавено дека раководството на Баер му издаде ултиматум на Челзи за финализирање на трансферот до 28 август. Се чини дека тоа ќе се случи во наведениот период.
Хавертц ќе стане трето засилување на тимот на Френк Лампард ова лето по Хаким Зијаш и Тимо Вернер, кои беа купени за вкупно 83 милиони фунти. Се очекува Челзи да потпише едногодишен договор со капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва до крајот на неделава.