Медиумите во Англија објавија дека челниците на Манчестер Јунајтед сакаат да го ангажираат Мозес Каиседо како замена за Пол Погба доколку Французинот си замине од тимот.
Доколку најавите се остварат, тоа значи дека „црвените ѓаволи“ ќе продолжат со стратегијата да купуваат млади фудбалери како што беше случај со Факундо Пелистри од Уругвај и Амад Диао од Аталанта.
Каиседо кој игра за тимот на Индепендиенте Дел Вале, може да стане вториот фудбалер од Еквадор кој ќе го носи дресот на тимот од „Олд Трафорд“ по Антонио Валенсија.

