Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Кај кого ќе оди Куп титулата, во Ѓорче или Струмица ?
    Фудбал

    Кај кого ќе оди Куп титулата, во Ѓорче или Струмица ?

    risteBy riste22/05/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“, Македонија Ѓ.П. и Академија Пандев ќе го одиграат 27. финале од Купот на Македонија.

    Две екипи кои апсолутно заслужено се најдоа во завршниот меч во нашето најмасовно фудбалско натпреварување. Во Македонија ЃП се надеваат на своето искуство, додека кај „пандевци“ веруваат во младоста. Што ќе пресуди? Ќе видиме по мечот, по големото куп финале бр.27 во самостојна Македонија. Каде ќе се радува на пехарот, во Ѓорче Петров или во Струмица ?.

    Македонија ЃП по третпат ќе игра еден ваков натпревар во својата историја. Во 2006. година успеа со 3:2 да слави над Шкендија, три години подоцна загуби од Работнички на пенали. На Академија Пандев во својата кратка клупска историја ова и прво финале.

    Ова финале треба да донесе многу возбудувања, затоа што на една страна имаме неколку искусни играчи помогнати со бразилски интернационалци, а на друга страна неколку проверени имиња заедно со млади играчи кои се перспективата на Академија Пандев.

    Тимот на Академија Пандев веќе има обезбедено маесто во Европа, додека за Македонија ЃП ова е единствената шанса да играат во Лигата на Европа следната сезона.

    Натпреварот започнува во 18.30 часот и ќе можете да го следите низ нашата програма.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.