Во просториите на Агенцијата за Млади и Спорт денеска се одржа прес конференција на Кајакарската Федерација на Македонија каде беа соопштени сите детали поврзани со започнувањето Европското првенство за сениори во кајак спуст на дива вода – Скопје 2023.
На прес конференцијата зборуваше директорот на Агенција за Млади и Спорт, Г-дин Наумче Мојсоски кој нагласи дека АМСМ останува подржувач на сите вакви спортски манифестации кои на едно место собираат многу спортисти од Европа.
Претседателот на КФМ Г-дин Дрилон Леши истакна дека со добра организација на ова ЕП се надеваат дека ќе добијат можност да бидат организатори и на СП, а ги повика љубителите на кајакот да ги проследат натпреварите на патеката на реката Треска на Матка.
На ова ЕП ќе настапат преку 200 натпреварувачи од 18 земји плус натпреварувачи од Австралија, што е навистина голема бројка на учесници за вакво натпреварување. Организаторот очекува се да помине во најдобар ред со што Македонија и Скопје ќе се покажат како добри домаќини на вакви натпеварувања.
ЕП во кајак спуст на дива вода во Скопје ќе се одржува од утре до сабота на патеката „Матка“ крај Скопје.