Македонскиот кајакар кој беше и знаменосец на свечленото отварање на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), Кристијан Смилев се пласираше на осмото место во финалето на трката К1 на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025, откако ја помина патеката на Матка со време од 1:45:95.
16-одишниот Кристоја Смилев утрово имаше одличен настап во квалификациите, каде што имаше трето време и остави силен впечаток дека може да се избори за медал. Заостануваше само 2,67 секунди зад Марек Кулчицки од Полска , кој подоцна го освои златото, и 2,24 секунди зад второпласираниот Украинец Аркуп Крачко. Меѓутоа, во финалната трка, Смилев направи неколку грешки (ги допре капиите и заработи 8 казнени поени ) кои го чинеа подиум. Во конкуренција од 12 финалисти, заврши осми, со заостанување од 11,15 секунди зад победникот Марек Кулчицки.
Сребрениот медал го освои Австриецот Макс Стаинбренер со заостанување од 1,61 секунда, додека бронзата замина кај Јохан Шмит од Германија, кој заврши 2,26 секунди зад првопласираниот. Смилев со својот настап покажа дека македонскиот кајак има сериозна иднина и останува еден од најперспективните млади спортисти во земјава.

