Еден од најпознатите фудбалски клубови во историјата на германскиот фудбал, Кајзерслаутерн се наоѓа пред згаснување. Четирикратниот шампион во Бундеслигата ќе поднесе барање за банкрот во локалниот суд.
Кајзерслаутерн во моментов се наоѓа во долгови во висона од 24 милиони евра, а се натпреварува во трета лига и не може да најде нови инвеститори, па клубот мора да оди во банкрот. Екипата имаше проблем да најде приходи и порано, а сега со корона-кризата дополнително ја искомплицира целата ситуацијата. Целата оваа процедура за банкрот може да трае два до три месеци, што е време во кое ќе се бра некое решение.
Кајзерслаутерн беше дел од Бундеслигата од 1963 до 1996, и е еден од основачите на Бундеслигата, а на меѓународна сцена најголем успех им беше пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите во 1999 година.