Поранешната фудбалска ѕвезда на Милан, Кака, призна дека најубавите моменти од неговата кариера биле од времето кога го носел дресот на „росонерите“. Бразилецот навраќајќи се на неговите големи успеси и разочарувања одговори на прашањата на фановите поставени на Инстаграм профилот на ФИФА.
„Не можам да истакнам специфичен меч, но, моите најдобри сеќавања се од годините во Милано. Ја освоивме Лигата на шампионите, станавме светски клупски шампиони, ја примив наградата -„Златна топка “ и на ФИФА за Фудбалер на годината, рече Кака кој се наврати и на најтажната епизода од неговата кариера.
„Финалето против Ливерпул во Истанбул. Нема потреба да додадам повеќе. Играв со феноменални фудбалери, но, Роналдо е пред сè“ – потенцираше Кака.