Поранешниот фудбалер на бразилската репрезентација, Кака, изрази мислење дека напаѓачот на Пари Сен Жермен, неговиот сонародник Нејмар, може да ја освои „Златната топка“ на крајот на годинава.
„Може ли Нејмар да го повтори моето достигнување? Да, за мене, може. Тој е еден од најдобрите фудбалери на светот, нема сомнение за тоа. Сè што му треба е да освои тимски трофеи и да биде еден од главните креатори“ – вели Кака.
„Ако ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, тогаш Нејмар веројатно ќе ја добие Златната топка“ – потенцираше Кака кој стана сопственик на Златната топка во 2007 година. Интересно е тоа што токму Кака е последниот Бразилец кој ја доби престижната награда.