Бразилскиот фудбалер Кака кој од 2009 до 2013 година ги бранеше боите на Реал Мадрид, изјави деканајдобриот момент во клубот му бил кога дознал дека ќе си замине.
„Звучи чудно, но, би го избрал денот кога ми потврдија дека заминувам. Тогаш разговарав со Флорентино Перез кој ми кажа дека во мене гледа голем професионалец кој дал се од себе за да донесе успех и големи резултати но, повредите и малата минутажа не дозволиле“. – изјави Кака.
„Тие зборови на Перез ми дадоа големо задовоство затоа што почувствував дека вратите во Реал Мадрид ќе ми бидат отворени во иднина“ – изјави поранешниот репрезентативец на „кариоките“.