Новата сензација на Барселона, Ансу Фати е многу блиску до нов договор со каталонскиот клуб, пренесува радио Каталунија.
Од „Камп Ноу“ му нудат петгодишен договор со еднократна премија при потпишувањето. При потпишување на договорот, 16-годишниот напаѓач ќе добие 700.000 евра.
Доколку Фати остане во составот на резервниот состав, тој ќе добива 300.000 евра во првата сезона. Ако оди во првиот тим, неговиот надомест ќе се зголеми на 1 милион евра годишно. За секоја следна сезона, фудбалерот ќе добие дополнителни 250.000 евра доколку биде дел од првиот тим.
Овој договор е до 2022 година и има откупна клаузула од 100 милиони евра. Ансу би можел да стане најмладиот дебитант на Барселона во Лигата на шампионите доколку вечерва се појави на теренот против Борусија Дортмунд.