Челниците на фудбалскиот состав, Милан, набрзо ќе му понудат нов договор на Давиде Калабрија, кој има тековна соработка до летото во 2025 година, наведува денеска весникот – „Газета дело спорт“.
Дефанзивецот имаше имресивни нaстапи во претходната сезона и според проценките, беше еден од најдобрите во редовите на „росонерите“.
Милан веднаш по паузата за репрезентативните активности, в сабота ќе и биде домаќин на Вениција во новото коло во Серија „А“.

