Дефанзивецот на Милан, Давиде Калабрија, кој го загуби дуелот со Един Џеко во 8 минута и дозволи Интер да поведе со 1-0 на вчерашниот меч во првото полуфинале во Лигата на шампионите, вели дека неговиот тим ќе мора да извлече поука од грешките.
„Имавме лоша поставеност на теренот. Ќе мора да видиме каде погрешивме“ – вели Калабрија.
„Интер е силен состав но, нема да се предадеме. Ќе се обидеме во реваншот да извлечеме поволен резултат“ – нагласи Калабрија по вчерашниот пораз од 2-0.