Италијанскиот фудбалски состав, Рома, објави дека ја продолжи соработката со 18-годишниот лев бек, Рикардо Калафиори, до летото во 2025-та година.
Тинејџерот кој потекнува од школата на „волчицата“ дебитираше кај сениорите во тековнава сезона. Тој одигра три средби и постигна еден гол.
„ Неверојатно сум среќен. Тоа е значаен чекор за мене, го сонував уште како дете. Ми значи многу. Тоа се однесува на секое момче што работи во академијата и сонува да влезе во првиот тим“ – изјави Калафиори за веб-страницата на клубот.

