Нашите репрезентативци во пинг-понг до 12 години, Кристијан Каламадевски од ППК Зегин Берово и Матеја Смолиќ од ППК Рисови, учествуваа на турнирот Медитерански Куп во Биела, Италија.

Во поединечна конкуренција Каламадевски не успеа да се пласира на главната табела меѓутоа во групата имаше добри резултати и една победа. Матеја Смолиќ го освои првото место во групата и се пласираше на главната табела на турнирот. На крај го освои 17-то место од 34 учесниички.
Во тимската конкуренција нашите натпреварувачи со една победа и два загубени меча не успеаја да се пласираат во главната рунда.
