Франческо Калцона кој е краток период на клупата на Наполи, вели дека неговите избраници се подготвени за денешниот реванш меч со Барселона во 1/8 финалето во Лигата на фудбалските шампиони .
Мечот ќе биде одигран вечер на „Камп Ноу“ во Шпанија. Првата пресметка во Италија заврши без победник 1:1.
„Ако ја поминеме фазава, ќе знаеме дека сме на повисоко ниво од претходното. Сега тимот е покомпактен, примаме помалку голови и создаваме повеќе шанси. Верувам дека патот во Европа нема да заврши“ – потенцираше Калцона.