Селекторот на словачката фудбалска репрезентација, Франческо Калцона, зборуваше во пресрет на натпреварот од 2. коло од групната фаза на ЕП 2024 со селекцијата на Украина.
„Мораме да дадеме 110% затоа што сме мала нација и сакаме да ги радуваме нашите навивачи. Сè уште нема причина за славење. Целосно сме фокусирани на претстојниот натпревар“ – изјави Калцона.
Натпреварот меѓу Словачка и Украина ќе се одигра денеска од 15.00 часот на стадионот Меркур Шпил Арена во Дизелдорф.