Калин Ивановски остана на 331. место на најновата АТП листа објавена денеска. Тој не успеа да направи скок на листата, иако освои три поени повеќе од претходното рангирање, па сега има 161.
Горазд Србљак има скок од 22 места и се проби до 1079. позиција со 11 поени или еден повеќе од претходната недела.
На новообјавената ранг листа на ВТА македонските тенисерки имаа ист број поени како и претходната недела. Лина Ѓорческа се наоѓа на 186. место (ист ранг) со вкупно 399 поени. Магдалена Стоилковска е на 1233. место со 8 поени и скок за четири позиции.