Македонскиот млад тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на јуниорскиот турнир на Вимблдон. Тој во четвртфиналето со 2:1, по сетови 3:6, 7:6 и 6:4 загуби од Шпанецот, Педро Роденас.
Првиот сет Ивановски го отвори на феноменален начин поведувајќи експресно со 4:0, но го доби со 6:3.
Во вториот сет се играше тај-грејк кој го доби Роденас со 7:6, а во третиот сет Ивановски лошо започна, Роденас поведе со 3.1 , нo Ивановски израмни на 3:3, но немаше сила и среќа да направи целосен пресврт и го загуби со 4:6 за конечни 1: 2 во сетови.