Најдобриот македонскиот тенисер Калин Ивановски триумфираше на турнирот што се одржа во австрискиот град Крамсах, откако во финалето убедливо го совлада Кореецот Џерард Ли Кампана со 2:0, по сетови 6:2, 6:2.
19-годишниот Калин Ивановски одигра спектакуларен финален натпревар и не му дозволи на противникот во ниту еден момент да се надева на победа. Ивановски имаше одличен настап на овој турнир , а тоа го потврдува и фактот дека стигна до трофејот без загубен сет.
Оваа титула сигурно ќе биде од голема важност за Ивановски и ќе му донесе нов голем скок на АТП листата. Во моментов, нашата најголема тениска надеж се наоѓа на 335. место во светот, но после новото бодување сигурно ќе прогресира и ќе го надмине неговиот најдобар досегашен пласман, 331. место на АТП-листата.

