Македонскиот тенисер, Калин Ивановски очекувано денес дојде најдобриот пласман на АТП листата во досегашната кариера.
На Ивановски му беа запишани бодовите (21) од триумфот во австриски Крамзах, а тоа му овозможи скок од дури 30 позиции со што е многу блиску до влез меѓу најдобрите 300 тенисери во светот. Со вкупно 176 поени Калин е 306 рекет во светот, далеку пред сите кога се во прашање нашите тенисери.
Имено Горазд Србљак се наоѓа на 1130.место, додека Обрад Марковски е 1220 на планетава. Во конкуренција на двојки, Калин Ивановски е 608 додека Марковски на 1025 место.
Што се однесува до врвот нема промени, Карлос Алкарас е број еден пред Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев. Во првата петка има една промена, Стефанос Циципас и Каспер Руд ги променија местата, па сега Гркот е на 4. место.

