Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски од денеска го има најдобриот ранг и се наоѓа на 362. место во сингл на АТП листата. Нашиот тенисер има скок од 50 места со вкупно 131 поени или 24 повеќе во однос на претходната недела. Тоа се должи на 25-те поени со триумфот на фјучрсот во Скопје каде освои 25 поени.
Втор македонски играч на ранг листата е Обрад Марковски, кој е на 1154. место со пад за две места.