Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, ја продолжи серијата победи (три во серија – две во квалификации и една во прво коло) на Челинџер 125 турнирот (тврда подлога) што се игра во Братислава, Словачка за награден фонд од 145.000 евра. Македонскиот ас во првото коло го совлада победникот на овој турнир од 2014 година Петер Гојовчик со 2-0 во сетови (7-5 6-2) за осумдесет минути игра. Ивановски во второто коло ќе игра со победникот од мечот меѓу Томаш Махач и Мартин Дам.

