Тенисерката, Ана Калинскаја, која загуби на мечот со Мари Бузкова на терените на Ролан Гарос, откри дека играла повредена.
„ Ако бев здрава, ќе го одиграв мечот сосема поразлично. Сега не можев да направам ништо повеќе. Проблемот со ногата се појави неодамна“ – рече Калинскаја.
„Се обидов. Дури и во сегашнава состојба можев да освојам барем еден сет. Тешко е да се размислува позитивно но, според мене, тоа покажува каде е моето вистинско ниво “ – рече Калинскаја.

