Поранешниот напаѓач на Челзи и на селекцијата на Брегот на Слоновата Коска, Саломон Калу, ја продолжи својата фудбалска кариера на 39-годишна возраст. Калу ќе го предводи тимот на Гањоа, тим од неговата родна земја, а истовремено ќе ја преземе улогата на директор во клубот.
Калу, кој беше дел од некои од најголемите европски тимови како што се Феенорд, Челзи, Лил, Херта и бразилскиот Ботафого, продолжува да биде симбол истрајноста. За време на неговиот престој во Челзи, тој ја освои Лигата на шампионите како и голем број други трофеи, а за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска забележа 97 настапи и постигна 28 гола.

