Челзи објави дека крилниот играч Калум Хадсон-Одои се чувствува подобро и повеќе не покажува симптоми на коронавирус.
На фудбалерот од „Стемфорд Бриџ“ му беше дијагностициран „COVID-19“ пред две недели и веднаш замина во самоизолација. Во изјавата на клубот се вели дека Хадсон-Одои дал негативен тест за да докаже дека е целосно здрав, а сега 19-годишникот веќе тренира напорно дома. Хадсон-Одои беше првиот играч од Премиерлигата кој имаше коронавирус.
Тој на социјалните медиуми напиша дека е здрав, но дека и понатаму останува во својот дом. Од почетокот на сезоната, овој фудбалер има одиграно 25 натпревари и постигнато 3 гола за својата екипа.