Доминик Калверт-Левин има скршеница на прстот и нема да игра за Евертон во следните две-три недели, изјави менаџерот на оваа екипа, Рафаел Бенитез.
Напаѓачот заработи повреда за време на тренингот и не учествуваше на синоќешниот натпревар на „карамелите“ од Премиер лигата против Барнли, кој го добија со 3:1.
„Има скршен прст. Тренира со проблеми и има сериозни болки. Имаше и повреда на мускулот. Треба да почекаме две или три недели”, рече Бенитез.
Венецуелскиот напаѓач Саломон Рондон го замени Калверт-Левин во групата на Евертон за натпреварот против Барнли и најверојатно ќе биде алтернатива во наредните неколку недели.