Лацио испратил понуда до фудбалерот од средниот ред, Даичи Камада. Јапонецот е слободен откако му истече договорот со Ајнтрахт Франкфур.
26-годишниот играч во последните шест сезони во Германија забележа 127 натпревари и постигна 20 гола. „Орлите“ имаат намера да го ангажираат Јапонецот како замена за Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој деновиве замина во Саудиска Арабија.
Камада треба да потпише договор за две години со сезонска плата од 4 милиони евра.