Алехандро Камано, кој му е агент на фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез, изјави дека двајцата не се изненадени од вниманието што го покажува за крилниот напаѓач германскиот шампион Баерн (Минхен).
Последните денови медиумите во Германија и Италија зборуваа дека 25-годишниот Аргентинец би можел догодина да заврши на „Алијанц Арена“.
„Не сме изненадени од гласините кои не поврзуваат со Баерн. Во фудбалот секогаш има такви работи но, Лаутаро е сега целосно фокусиран на Интер“, изјави Камано.

