Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, поради повреда на мускулот на левата тетива ќе отсуствува три недели, наведуваат медиумите во Шпанија.
Тој се повреди на последниот меч со Селта во рамките на Купот на Шпанија и ќе има подолг процес на рехабилитација. Камавинга во сезонава на 17 натпревари постигна еден гол и направи две додавања за погодок.
Неговото отсуство е нов удар за „кралевите“ кои имаат десеткуван ростер поради голем број на повредени играчи.

